

Според официјалните податоци, во Британија во првите 11 месеци на 2020 година починале околу 697.000 луѓе, што е речиси 91.000 повеќе од годишниот просек во последните пет години, кој изнесува 606.000. кога ќе бидат познати податоците за декември, таа разлика ќе биде дополнително зголемена.
„Велика Британија има една од највисоките стапки на прекумерни смртни случаи во светот, повеќе прекумерни смртни случаи на милион жители од повеќето европски земји и САД“, кажа Мареј.
„Неопходно е да се спроведе јавна истрага за да се утврди што точно се случило, но во секој случај е јасно дека се направени грешки“, порача Мареј.
Во јануари годинава расчекорот со просекот на умрените во петгодишниот период ќе биде уште поголем, на што укажуваат и денешните официјални податоци дека во последните 24 часа од последици на коронавирусот умреле 1.243 лица, а регистрирани се 45.533 новозаболени.