in

Да помогнеме: Пapaлизиран и болен од коpонавирус, скопјанецот Боро бара итна помош од хуманите луѓе

Скопјанецот Боро Стаиќ кој седум години е парализиран, сега е заболен и со коронавирус. Тој и неговото семејство бараат помош од хуманите граѓани за собирање на средства бидејќи им е потребен апарат кој го викаат „машина која спасува живот“, бидејќи Стаиќ не може да се искашла и при такви ситуации се гуши. Според страницата каде се собираат средствата, потребни се 9.500 американски долари.

„Поради повреда од негова 18-та година, Стаиќ е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот“, стои на интернееет страницата „Гоуфаундме.ком“ каде може да се донира.

Стаиќ ѝ е познат на јавноста бидејќи осум години ја бара правдата за неговата парализираност, а вината ја бара кај лекари, за кои тврди дека направиле пропусти при неговото третирање во 2012 година. Во јануари минатата година, охридскиот суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прекрасна изведба на Ангела Лавровска

Како да одберете со која вакцина да се вакцинирате? Зошто експертите ја фалат мртвата кинеска вакцина против коронавирусот?